from there - онтологија

отаде повеќе

Вид збор: Предлог
Со пространствено значење - положба од подалечната страна на предметот во однос на говорното лице, од таа страна.
Примери:
(нар.поез.) Темен се облак зададе отаде село.

отаде повеќе

Вид збор: Прилог
Од другата, спротивната страна, откај спротивната страна.
Примери:
Отаде пак се чуја караници.
Од тоа место, оттаму.
Примери:
Отаде подобро се гледа патот.

оттаму повеќе

Вид збор: Прилог
Од тоа место таму, од местото за кое се зборува.
Албански: prej atje
Примери:
Остани таму, зашто оттаму подобро се гледа.